(Видео) Масовен протecт во Тиpaна поради yбиcтвото на Клодјан Раша, има и повpeдени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под мотото „И ние сме Клодјан“, масовен протест вечерва се одржува во Тирана, прво пред Министерството за внатрешни работи, по што протестантите стигнаа пред Владата, јави дописничката на МИА од Тирана.

Протестот нема организатор, граѓаните се собраа самоиницијативно преку социјалните мрежи, за да побараат, како што велат, правда за убиството на младиот Клодјан Раша од припадник на специјалната полициска единица.

Извикувајќи „Сакаме правда“, „Долу комунизмот“, „Лешај поднеси оставка“, „Во комунизмот убиваше Ручи, сега Рама и Лешај“, граѓаните се обединија со единствена цел да протестираат против екстремниот чин што го направи полицаец кој го уби Клодјан Раша, вчера наутро, пренесува Топ чанел телевизија.

Во неколку наврати, пред се пред Владата, каде има полициски кордон, имаше судир меѓу полицијата и учесниците во протестот, но и меѓу самите протестанти.

Поради тензичната ситуација мораше да интервенира специјалната полициска единица за брзи интервенции, а на владината зграда состојбата ја набљудуваат и припадници на националната гарда и други полициски структури. Употребен е и солзавец.

Според Ора њуз телевизија, учесниците фрлале тврди предмети врз Владата извикувајќи „Сакаме правда, Рама оди си“, ја уништиле новогодишната елка откинувајќи дел од светилките, што предизвикало спој и прегорел целиот систем. Потоа елката била потпалена и урната на земја.

Клодјан Раша (25) беше застрелан во близина на неговиот дом во населбата Лапрак во Тирана, кога,според неговите родители, заминувал на утринско кафе со другарите.

Неговата сестра Бора Раша, која учествуваше во протестот, низ солзи кажа дека немал проблеми со никого, бил мирно момче, имал свршеница и требало следното лето да прават свадба.

За албанските медиуми тоа го потврдуваат и соседите, според кои полицаецот без предупрдување да застане, што е вообичаена постапка, директно пукал во момчето и го усмртил.

Министерот за внатрешни работи Сандер Лешај рече дека е почната истрага која треба да ја потврди причината зошто полицискот специјалец пукал.

Според последните информации, има и повредени, повеќето полицајци, при што тројца се пренесени во болница.

Tensionohet situate para Ministris së Brendshme, protestuesit përplasen me policinë

"DUAM DREJTESI PER KLODIANIN" Ekzekutimi i 25 vjeçarit nga Policia e Shtetit, mijëra të rinj nga mbarë Shqipëria në protestë para Ministrisë së Brendshme, kërkojnë dorëheqjen e Lleshajt

Posted by SYRI.net on Wednesday, December 9, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This