(Видео) Масовни пpoтести во Грција пpoтив Koвид пpopусниците и вakцинација на тинејџери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници демонстранти се собраа во двата најголеми градови во вчера во Грција во знак на протест против плановите за вакцинирање против коронавирус за деца од 15 години па нагоре.

Протестите се одржаа пред парламентот во центарот на Атина и во Солун.

Грчките власти причината за неодамнешното зголемување на потврдените случаи на коронавирусот ја гледаат во преполните кафичи и големите забави. Според новите ограничувања, локалите ќе бидат отворени само за лица кои се вакцинирани. Планирана е задолжителна политика за вакцинација за вработените во установите за здравствена грижа и болниците.

Во Атина, демонстрантите скандираа „Рацете подалеку од нашите деца“ и одржаа транспарент на кој пишуваше „Ние велиме не на отровните вакцини“

Нешто повеќе од половина од грчкото население примило барем една доза на вакцина. Почнувајќи од четврток, на децата на возраст од 15 години ќе им биде дозволено да закажат вакцинација со согласност на родителите.

Протестите доаѓаат по неколку нови мерки за пандемија, од кои едната ефективно ги затвора сите затворени јавни места за невакцинираните, вклучително и барови, ресторани, театри и други места за забава. Политиката стапува на сила во петок и ќе остане важо барем до крајот на август, како дел од обидот да се ограничи преносот на болеста во преполни барови и клубови.

„По една и пол година, никој веќе не може да тврди дека незнаеме за коронавирусот“, рече премиерот Киријакос Мицотакис на почетокот на оваа недела.

„Земјата нема повторно да се затвори поради ставовите на одредени луѓе … Не е опасност Грција, туку невакцинирани Грци“.

https://twitter.com/TheInsiderPaper/status/1415427114866782210?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1415427114866782210%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.azerbaycan24.com%2Fen%2Fwatch-mass-protests-erupt-in-greece-after-government-bans-unvaccinated-from-indoor-public-spaces-amp-allows-teens-to-receive-jab%2F

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This