(Видео) Милошевски: Heвини луѓе лeжaт во зaтвop, пaтpиoти, лyѓe кoишто земале пyшka за да ја бpaнат оваа држава 2001

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот и помошник уредник на Инфомакс, Милош Милошевски, во своето гостување во емисијата на Ицо Најдовски Перин на Радио 3zzz, македонско радио во Австралија зборуваќи за неправедно осудените уставобранители за настаните од 27 април повика на масовен протест за барање на правдата

„Јас се надевам на масовност, што е можно повеќе луѓе да излезат. Тоа се наши браќа коишто невини лежат по затворите, луѓе коишто работеле во влада, во полиција. Луѓе коишто во 2001 со пушка ја бранале оваа држава сега се прогласени од државата за терористи, замислете за терористи. Зошто? Бидејќи виделе неуставност во собранието, виделе противзаконитот во собранието, слушнале странска химна, и влегле во собранието. Па не влегле само они. Влегле илјадници луѓе. Јас бев во Собранието. И јас сум терорист. Што значи тоа овие се терористи, другиве не се терористи. Пред правото нели сме сите еднакви? Тоа е во најлош случај учество во толпа, иако најголем дел од тие луѓе можам да кажам слободно и сите коишто сега лежат во затворите, се невини. Не кренале рака на никого. Александар Тошта, човекот го спасуваше Зијадин Села. Човекот го спасуваше Села и тој лежи во затвор за обид за убиство на Зијадин Села. Знаете дека лежи и човекот од собраниското обезбедување, Албанец, којшто исто така учествуваше во спасувањето на Села за обид за убиство. Тоа е небулоза. Они веројатно имале некоја пресметка како да го дестимулираат македонскиот народ во борбата против промена на име, против сѐ што ни се случува. И во тој план рекле 19, 20 луѓе да ги осудиме 200 години затвор, никој нема да ни излезе на протести. И сега треба да им покажеме на тие луѓе, дека ќе излезе народот на протести. Ќе каже, не, доста е. Мора да има правда во оваа држажва. Мора да важи законоти за Тошта и за Заев. Главното барање на овој протест не е да се пуштат луѓето во затвор и ништо да нема, туку повторување на судењето, да се бранат од слобода. Сакаат процес во којшто ќе бидат земени предвид сите докази, истакна Милошевски.

Милошевски потсети на доказите кои беа презентирани во емисијата Тешки муабети на Инфомакс, првиот исказ на Александар Нинџа кој дава ново светло на настаните. Сосема друг човек се спомнува за организатор на настаните на 27 април. Ниту еден од овие луѓе, од патриотските здруженија не знаел, не бил упатен, не уќествувал во организацијата на тоа сценаро.

„Не може невини луѓе да лежат во затвор. луѓе патриоти, луѓе коишто земале пушка за да ја бранат оваа држава 2001, а Талат Џафери да биде претседател на Собранието.“

Милошевски уште една повика на масовност на протестот за барање правда за уставобранителите на 25 април во Скопје.

„Ги повикувам сите Македонци на 25 април, недела, да излезат во што е можно поголем број, помасовно да застанат и да кажат доста  е,  време е да има правда за Македонецот, правда за сите граѓани, затоа што ова денеска му се случи на Ченто, на Тошта, на Игор Ангелов, Митко Чавков, утре тебе ќе ти се случи“, повика тој.

Гостувањето на новинарот Милошевски во емисијата намакедонскот радио во Австралија „Радио 3zzz“ можете да го проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This