(Видео) Милошевски: Hесфатливо е било кој да излезе на пpoтест и да бара cлобода за yбиjци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното издание на Тешки муабети на Инфомакс, Милош Милошевски, зборувајќи за протестите кои се одржаа во петокот, на кои Шверцерите бараа ослободување на убијците на Никола Саздовски Саздо, коментираше дека е несфатливо било кој да излезе на улица и да бара слобода за убијци.

„Саздо беше таргетиран, заедно со неговото друштво, бидејќи еден месец претходно, неговиот најдобар другар беше прободен во автобус неколку пати со нож. Тој едвај спас жива глава, Саздо немаше таква среќа. Јас не можам да ги разберам овие луѓе, кој и да е убиен, да излегуваат на улица и да поддржуваат убијци. Значи луѓе коишто се фатени со доказ, осудени, дека луѓе, убиле деца, и двајца да има на улица за вакво нешто е премногу.

Милошевски го коментираше и инцидентот, кога говорникот на протестите за ослободување на убијците осудени Монструм, на прашањето на еден новинар прозборе на македонски јазик, по што следуваше силно неодобрување од толпата која бараше тој да зборува на Албански, што тој и го направи.

Секој оној којшто сака да спроведе двојазичност во Македонија, не и мисли добро на македонската држава бидејќи македонскиот јазик е јазикот којшто не спојува, на којшто треба да комуницираат сите етноси коишто живеат тука.

Емисијата Тешки муабети можете да ја следите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This