Владата на СДСМ е целосно изгубена во справување со пандемијата во земјата, ова преку видео до јавноста го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
-Без никаков срам Заев и Филипче се фалеа дека ситуацијата е под контрола и дека пандемијата ќе се надмине. Последните четири дена имаме троцифрен број на новозарзени,а за тоа главни виновници се Заев и Филипче. Доколку тие ја следеа ситуацијата и се грижеа за граѓаните бројката на новозарзаени ќе беше многу помала. Очигледно граѓаните се препуштени сами на себе. СДСМ ќе одговара за се пред граѓаните. 3 години Заев, 3 години хибриден режим, 3 години неспособност, криминал и сиромаштија. СДСМ никогаш повеќе, потенцира Мисајловски.
Целото обраќање на потпретседателот Мисајловски можете да го проследите ТУКА