(Видео) Митовски: Неисполнувањето на енергетскиот биланс е eднакво на caботажа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Митовски, уредникот на Инфомакс, зборувајќи за енергетската криза во Македонија, се осврна кон енергетскиот биланс, кој се носи секоја година и чие неисполнивање е еднакво на саботажа.

„Ако ние имаме држава, Обвинителството ќе го побара енергетскиот биланс, донесен со уредба на влада. Секој агодина како што се носи буџет, се носи и еннергетски биланс. И енергетскиот биланс има сила на закон. И во тој енергетски биланс се проектира потрошувачката и производството на електрична енергија. кога се проектира производството на електрична енергија, се роектира, колку ќе се произведат струја од јаглен, од мазут, од вода, сончева енергија, ветерници и слично, и колку имаат резерви. Колку резерви има во акумулациите на вода, колку резерви има на јаглен, колку денови ќе има сонце, колку денови ќе има ветер, и се прави проекција за тоа какви се потенцијалите за производство на електрична енергија. Ако тој енергетски биланс не се исполни, тоа е еднакво на саботажа. Значи ако во енергетскиот биланс е предвидено дка до крајот на ноември РЕК Битола ќе има само 40 000 тони јаглен, а 700 000 тони, колку што треба да има на почеток на грејна сезона, во таа ситуација, тој што го донел тој енергетски биланс, директорот на РЕК и директорот на ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, треба да одговараат согласно кривичен закон за кривично дело саботажа. И обратно, ако предвиделе дека на крајот на октомври и на почетокот на ноември ќе има само 70 000 или 40 000 тони јаглен, и не превземале ништо, за да ја обезбедат потребната количина од 700 000 тони јаглен, исто станува збор за кривично дело саботажа. Тоа е исто како да се постави динамит во РЕК Битола и да се крене во воздух. Ако не е исполнет енергетскиот биланс согласно проекциите, тој може да отстапува 5% +/-, ама не може да отстапува 150%, како сега. Енергетската криза е затоа што никој не го интересира во оваа држава кој што прави“, вели Митовски.

Митовски дополни дека тоа е причината што ЕСМ купува електрична енергија на дневна основа, ден за ден, што ја чини државата милиони, пари кои секако ќе ги платат граѓаните.

„ЕСМ има распишано барање за прибирање на понуди за набавка на електрична енергија, која што се набавува на дневна основа, непланирана набавка. Затоа што се купува од денес за утре, електричната енергија ќе ја плати двојно, тројно, петкратно повеќе, и таа цена ќе си ја осетиме ние по џеб. КОга се набавува ден за ден, таа се купува по берзанска цена која е многу повисока, 240 евра MWh. Во моментов, домаќинствата плаќаат 40 евра.“, појаснува Митовски.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This