April 26, 2024, 10:45 pm

(Видео) Мицкоски: Влегуваме во она што го нарекувам втора епоха, општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец кои ќе ја донесат новата иднина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, кој на денешниот конгрес беше реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека партијата е исправена пред големи предизвици со кои се соочува земјата.

„Пред нас се големи предизвици, економска криза, енергетска криза, ковидот не престанува и покрај надежите дека тоа ќе се случи, светот е изменет, планетата е изменета, се функционира поразлично од претходно. Македонија мора да фати приклучок, да се адаптира на новиот свет, да ги создаде, развие и да ги промовира своите предности и да ги исправи своите недостатоци. Знам дека постојат родители кои кога ќе им заспијат децата водат разговори како да го поминат месецот и како да платат рати од кредитот. Како следниот ден да обезбедат пари за ужинка, топла облека за најмладите членови на семејството. Знам дека постојат професори кои прават планови и не им излегува есапот како да купат нов стан. Знам дека постојат пензионери кои сакаат, но често не можат на своите внуци да им купат тоа што им треба. Знам дека постојат доктори кои размислуваат како да купат авионска карта во еден правец. Земјоделци на кои секој ден им е налик на претходниот и полни со разочарување чекаат подобри времиња. Знам дека постојат многу работнци кои стравуваат за својата иднина, и многу невработени кои чувствуваат неоправдана вина во себеси дека не успеале. Знам за вашите проблеми. Многу добро ги знам. Сакам да посочам да не ја губите надежта. Заедно ќе успееме. Ова е заедничка битка. Патот напред е тежок и долг. Имаме сојузи да обновиме, енергија да вратиме, насмевки и радост да предизвикаме, проекти, реформи, подобрувања да исполниме. Климата може да е сурова, и може нема веднаш да стигнеме до тоа што го сакаме, но никогаш не сум се надевал повеќе како денес, дека ќе стигнеме до тоа ние сите заедно како граѓани, самообединети, без поделби на наши и ваши, без непотребна зајадливост, реваншизми и лоша енергија која само го храни она што ја разјадува државата. Може ќе има заостанувања, ќе има и луѓе кои нема секогаш да се согласуваат со секоја одлука што ќе ја донесеме, знам дека нема да можеме да го решиме секој проблем, но јас, секогаш ќе бидам искрен со вас за предизвиците со кои се соочуваме. Ќе ве слушам, посебно кога нема да се согласуваме. И над сè, ќе ве поканам да ми се приклучите сите во процесот на обнова на нашата држава, со оваа нова генерација за новата иднина која сите ние заедно ќе ја создаваме. Цигла по цигла, камен по камен, ќе градиме нова иднина. Нашата должност е да обезбедиме луѓето да имаат избор и да се обединиме околу она што ќе биде наша заедничка цел“, изјави Мицкоски.

Тој најави нова, втора епоха на општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец во земјата, за преродба на државата, обнова и промени во партијата и во државата кои ќе ја донесат новата иднина.

„Најавувам како партија дека влегуваме во она што го нарекувам втора епоха. Во втората епоха кај нас е потребно да направиме општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец во земјата, да допреме до секоја слободомислечка индивидуа и да подадеме рака во насока на преродба на државата, обнова и промени во партијата и во државата кои ќе ја донесат новата иднина. Во центарот на втората епоха се слободата на индивидуата и слободна волја за изразување на капацитетите кои ќе бидат во насока на градење на државата. Мора да се излее таа енергија на креативните потенцијали надвор од рамките на партијата и ви говорам за општествена мобилизација на секоја кретивна индивидуа независно од партиската припадност која ќе биде моторот на напредокот и новата иднина која ни е потребна. Втората епоха е повик до секој поединец, за зграпчување на неговиот порив помагајќи си себеси, вградувајќи се себеси во политичкиот активизам да се вгради во напредокот на државата, така да помогне за сите нас. Втората епоха треба да донесе слобода во сите нејзини аспекти, слобода на креацијата, ослободување од стегите кои со децении го стегаат човека и неговиот потенцијал, слобода на мислата која треба да донесе нови ветришта на меѓусебна почит и разбирање, слобода во изборот на поединецот, издигнување над работите кои денес го ограничуваат нашиот потенцијал. Втората епоха значи и подавање рака на секој еден интелектуалец, отпочнување на дијалог со мудрите глави на ова општество чиј глас се заборави меѓу децениите на разграбување на државниот капитал и доминацијата на лукративните поединци и медиокритетите кои уживаат во конформизмот граден на плеќите на луѓето кои ја крепат нашата нација. Дијалог со професорите, со писателите, научниците, младите, студентите, синдикатите, стопанството, коморите. Дијалог со луѓето поттурнати настрана, а чиј глас го сочинува она што го викам тивкото мнозинство, изјави Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This