April 27, 2024, 12:46 am

(Видео) Мицкоски: Нашата цел и визија како партија ќе биде намалување на даноците, сузбивање на kpиминалот, влез во ЕУ и зaштита на националните интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, кој денес беше реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето обраќање по завшувањето на изборите ги дефинираше визијата и целите како дел од доктрината и филозофија на делување кон кои ќе се стреми партијата во периодот што следува.

Мицкоски најави борба за повисок економски стандард, намалување на даноците, сузбивање на kpиминалот, влез во ЕУ и зaштита на националните интереси

„Новиот договор кој е општествен консезус не се само демагогија и фрази, туку јасни цели кон кои ќе се стремиме и за кои жилаво ќе се бориме. Нашата цел и визија како партија ќе биде да се бориме во една временска дистанца да постигнеме економски стандард како во една Австрија. Нашата цел како дел од тој нов договор и консензус е намалување на персоналниот данок и на данокот на добивка на 8%. Данокот за млади луѓе да биде 0%, а секоја година по стабилизирањето на економијата да имаме раст до 6%. Да постигнеме едноцифрена невработеност. Во образованието да имаме универзитет во првите 500 според Шангајската листа, бидејќи денес за жал немаме ниту еден во првите 1000.
Да регулираме пазар за трговија со криптовалути, трговија со примена на блокчејн технологија. Да работиме на достигнувања и развој на вештачка интелигенција, роботика иновации, да понудиме одржливи решенија кои ќе бидат патентирани во европски рамки. Наша цел и наша визија е да создадеме систем во земјоделството на сигурен откуп за земјоделците и извоз на производител нешто што 3 децении не го правиме“, посчи Мицкоски.

Тој нагласи дека меѓу приоритетите на партијата ќе биде и борбата со корупцијата,
„Да влеземе во отворена борба против корупцијата и наместо сегашното 11 место на Транспаренси да влеземе во првите 50 држави што се борат против корупцијата со објективни резултати од корист за нашите граѓани“, изјави Мицкоски.

Тој уште еднаш нагласи дека крајна цел, а не само сон е Македонија да стане дел од Европската Унија.

„Во културата да се вмрежиме, да станеме дел од европските збиднувања. Македонија има што да каже на овој план.
И најпосле, да доживееме Македонија да стане дел од Европската Унија. Ова не е сон, ова е наша цел.
да постигнеме економски стандард како во една Австрија“, заврши Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This