April 27, 2024, 11:16 am

(Видео) Мицкоски: “Нecпocoбнocтa нa Заев cтaнa y6иeц нa нapoдoт, зa eднa нeдeлa 132 семејства се зaвиja вo цpнo пopaди кopoнa”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео го обвини премиерот Зоран Заев за сегашната состојба со коронавирусот.

-Претходното деноноќие Македонија имаше 26 мртви поради #COVID. Дури 132 починати за само една недела. 132 семејства завиени во црно. По Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби. Заев стана убиец на својот народ, неговата неспособност убива. Тој предводи Влада која прави геноцид врз својот народ, преку бруталната неспособност каде ништо не е под контрола.Секаде во светот короната напаѓа, но убеден сум, да ја немавме оваа неспособна Влада, денес ќе имавме повеќе животи кои се спасени. Државава се соочува со најголема смртност предизвикана од корона затоа што здравствениот систем е мизерен и клекнат на колена. Државниот апарат не функционира. Зоран Заев ги упропасти сите шанси за било што да е подобро. Овој човек е неспособен да донесе иднина, но затоа е прв во лаги, неспособност и криминал и затоа мора оставка и Влада од стучни луѓе за национален спас! Погледнете го ова видео и сѐ ќе ви стане појасно…, напиша Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This