(Видео) Мицкоски: Bo пpвиoт кpyг имaме пoвeќе oд 55 илjaди глaca нa coвeтничкитe лиcти, пoбeдaта e гoлeма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вестите говори за повеќе актуелни теми, а пред се за вториот изборен круг на локалните избори…

Мицкоски вели дека очекува победа и во вториот круг и покрај притисоците и заканите. Тој во интервјуто за Канал 5 рече дека очекува најмалку двојно поголем број градоначалници од СДСМ во вториот круг.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека победата е огромна и дека независните акумулираа протестни гласови против власта .

Мицкоски смета дека мобилизацијата и пркосот ќе победат во недела, а победата ќе биде народот. Реториката на власта покажува дека тие се силите кои ја враќаат државата назад, рече Мицкоски и додаде „Си подадовме рака дека ќе нема црна кампања, видовте што направија со Данела Арсовска“

Сепак Мицкоски не верува дека црната кампања ќе влијае врз изборниот резултат на штета на ВМРО-ДПМНЕ.

За изходот во недела тој очекува седум градоначалника во општините и Данела Арсовска во Град Скопје.

Мицкоски вели дека граѓаните ги поразија политиките на Заев, апсолутно сум убеден за ново парламентарно мнозинство. Тој вели дека Заев можеше да вети и сто милијарди, но дека не се реални ветувањата од инвестицискиот план.

Со него разговараше Елизабета Галевска…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This