(Видео) Момче зaпaли цигapa од cвeќa во цpквa, го чeкa зaтвop дo тpи гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка против 18-годишник откако тој запали цигара од свеќа во црква на рускиот Далечен исток, пишува Раша Тудеј. Момчето објави видео од инцидентот на „ТикТок“ и сега се соочува со затворска казна од дури три години.

Во јули годинава, младиот човек заедно со уште еден тинејџер влегле во катедралата во градот Чита. На снимката, се слуша момче зад камерата како вели: „Ова ќе биде злосторството на годината“, пред другиот да запали цигара од свеќа на сред црква.

Тинејџерот е обвинет за навреда на чувствата на верниците, а му се заканува казна до 500.000 рубли (5.600 евра), неплатена работа или затвор до три години. Тој по инцидентот постојано се извинувал за своите постапки, тврдејќи дека тоа го сторил од „глупост“ и дека „не сакал да навреди“.

Митрополитот Димитрије побара милост за момчето, затоа што тој побарал од локалната заедница прошка и се чини дека тој сериозно жали за своите постапки.

Рускиот закон против „навредување на верските чувства на луѓето“ беше донесен во 2013 година, поради инциденти предизвикани од членовите на групата „Пуси Рајот“, кои пуштаа музика во главниот московски храм.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This