(Видео) НАЈАВУВА ЛИ ЗАЕВ МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Од Прилеп изјави дека Македонија ќе увезувала работна сила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради се помасовното иселување и ниските плати, недоволни за нормален живот компаниите во Македонија, а особено во Пелагонискиот регион се соочувата со огормен недостаток на работна рака. Ова беше една од главните точки на која денеска во Прилеп стопанските комори од овој град и од Битола разговараа со премирот Заев и Вицепремиерот Анѓушев. Решението на проблемот се гледа во државна парична помош при обуки за квалификувани работници, но и во увоз на работна рака од странство. Но не беше потенцирано од кои државии би доаѓале работници да работат кај нас, пренесува Сител.

„Во однос на квалификуваната работна сила веќе имаме конкретни работни задачи на кои што можеме да работиме сите компании, заедно со владините мерки, каде што имаме и поддршка од 20 милиони евра неискористени средства за тренирање на потенцијална работна сила. А во однос на оперативната работна сила разговаравме за можноста на увоз на работна сила од други земји“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална Стопанска комора Прилеп.

„Тоа е во делот на европската економска агенда за регионот и верувам дека ќе успееме тоа да го поставиме, но и либерализацијата на одредени визни режими за одредени земји, кои што досега имале виза ако сакале да дојдат во нашата земја, не само како потенцијални работници, пред се како туристи, како потрошувачи или слично, од секој карактер. Тие дебати се отворени во Владата“, изјави Зоран Заев, Претседател на Влада.

 

 

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This