(ВИДЕО) НАЈБРЗАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ:Ова е храбрата хероина на автомобилизмот која сите ги воодушеви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мишел Мутон, Мари Тереза де Филипс, Леле Ломбарди, Сузи Волф, Џована Амати и Даника Патрик. Ексклузивно друштво на жени за кои се смета дека ќе останат запомнети како вистински хероини во автомобилизмот.

Една сепак се издвојува, за многумина е посебна и велат дека е најбрзата на сите времиња.

“Таа жена е Супержена!”, рекол Ники Лауд за Французинката.

Мишел Мутон секако е една од хероините. Уште во 1974 започна нејзината професионална кариера во автомобилизмот, а во текот на годините Мутон учествуваше во респектабилен број на трки, а стана и најуспешната возачка на рели во историјата.

Константно разбивајќи предрасуди, оваа храбра Французинка кариерата ја поминала возејќи трки во склоп на Светското првенство во рели, а дури четири пати го освои првото место на овие трки, додека девет пати се искачи на победничкиот подиум.

Во аналите на автомобилизмот влезе речиси кон крајот на кариерата, кога го оствари и најдобриот резултат заземајќи го второто место на 1982 година во вкупниот пласман, а сите посебно ќе ја паметат како првата возачка која победи на Pikes Peak трката.

За време на едно од многубројните интервјуа, таа рекла дека во текот на целата кариера се обидувала да биде еднаква со своите машки колеги, со желбата да докаже како нејзиното возачко искуство не заостанува зад машките возачи.

Иако не е единствената жена која се докажа за успешна во автомобилизмот, Мутон покрај колешките Мари Тереза де Филипс, првата возачка на Формула 1, Леле Ломбарди, Сузи Волф и Џована Амати ќе остане запомнета како најбрзата жена на светот.
“Сето тоа му го должам на мојот татко, кој беше вљубеник во брзите автомобили. Неговата страст ме освои и повеќе немаше назад”, изјави еднаш.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This