И ДЕЛЧЕВ ГО НАПРАВИЈА БУГАРИН: Заев го празнува неговиот роденден во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ќе престојува во Република Бугарија, каде што ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов, соопштуваат од владината прес-служба.

На средбата ќе зборувало за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.

Програмата започнува со заедничко положување венец пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147-годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија Боил Баново. Министрите Баново и Адеми за време на посетата ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу двете земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This