(видео) ХУHTA: Демолиран домот на пратеникот Љупчо Димовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вака изгледа влезната врата од домот на пратеникот Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство, кој во петокот беше приведен.

Сабота сабајле, 02.02.19.Полицијата и Алфите на овој начин влегле во домот на пратеникот Љупчо Димовски!?Во кој филм се ове, бе?

Posted by Миленко Неделковски on Sunday, February 3, 2019

Сабота сабајле, 02.02.19.
Полицијата и Алфите на овој начин влегле во домот на пратеникот Љупчо Димовски!?
Во кој филм се ове, бе?, коментира Миленко Неделковски.

Димовски, кој во петокот се уште го имаше пратеничкиот имунитет, за „Република“ потврди дека навистина станува збор за неговата влезна врата. Во моментот кога го контактиравме, во неговиот дом мајсторите ја поправаа штетата.

Веројатно сметале дека е така најсоодветно да ме приведат, вели Димовски, не сакајќи многу да го коментира вознемирувачкиот настан.

На Димовски во саботата под итна постапка му беше одземен пратеничкиот имунитет. Со пет гласа „за“ и четири „против“, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го прифати барањето за одобрување притвор за пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, и му предлага на Собранието на Република Македонија да го одобри.

Опозицијата остро реагираше дека ова е веќе осми пат како власта бара симнување на имунитет на пратеник од опозиција, а во случајот на Димовски тоа е одмазда зошто не гласал за промена на уставот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This