ВИДЕО: На Антарктикот пронајдено необично богатство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражувачите на Антарктикот наишле на запрепастувачко откритие за богатство скриено повеќе од еден век под замрзнатата пустина.

Сер Ернест Шеклтон бил британски поларен истражувач кој водел три експедиции на Антарктикот. Од 1907 до 1909 година Шаклтон заедно со тројца следачи, завршил на експедиција во Нимрод, воспоставувајќи нов рекорд во оддалеченост од Јужниот пол.

Во 1921 година после враќањето од својата последна експедиција, Шеклтон починал од срцев удар и бил погребан на замрзнатиот континент, а со себе во гробот однел многу тајни.

Сепак, после повеќе од 100 години археоолозите на местото на експедицијата пронашле две шишиња одлично шкотско виски, скриено во мразот на Антарктикот.

Откако археолозите го откриле ова неочекувано богатство, не ја отстраниле веднаш замрзнатата замка, за да не ги уништат своите откритија. Затоа чекале неколку години додека сите потребни алати не бидат ставени на локацијата.

Дури тогаш успеале да извлечат кутии, а вискито потоа се одмрзнувало скоро 2 недели. Се испоставило дека шишињата преживеале вековно затворање.

Флаширани во 1898 година, шишињата виски Мекинли биле меѓи три гајби и две ракии пронајдени во 2010 година.

Фирмата која сега го поседува брендот Мекинло изнајмила приватен авион кој во 2011 година ги преземал шишињата од седиштето на операции во Антарктик во новзеландскиот град Крајстчрч за да ги однесе во Шкотска на анализа.

Рецептот за ова виски бил изгубен, но компанијата направила нова серија од 50.000 шишиња од примерокот изваден со шприц ни едно од шишињата. Ричард Патерсон, еден од водечките блендери, изјавил:

„Откако ќе го доведам на собна температура, планирам да си наточам чаша, да го замотам и да оставам течноста да го открие скриеното богатство кое било заробено во мраз сите овие години“.

„Ако содржината биде добра за безбедно да се извлече и анализира, оригиналната мешавина ќе може да се повтори. Со оглед на тоа дека оригиналниот рецепт повеќе не постои, ова може да ја отвори вратата на историјата“, рекол тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This