April 28, 2024, 12:14 pm

(Видео) Неверојатна глетка во срцето на вулканот, дрон влезе во кратерот и беше проголтан од лавата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вулканот Фаградалсфал во Исланд неодамна еруптираше по илјадници години мирување, а еден корисник на Јутјуб објави видео од реката лава и кратерот на вулканот снимени со дрон.

Интересно е што дронот беше жртвуван заради спектакуларно видео – последниот момент што го забележа беше како влезе во магмата.

Видеото е снимено на полуостровот Гелдингадалир во Исланд, каде што се наоѓа вулканот.

Оваа ретка глетка, што ја снимил беспилотно летало, за неколку дена ја гледале стотици илјади луѓе.

„Во обид да добиеме уникатен поглед на кратерот, летавме со овој неверојатно способен дрон што е можно поблиску до реките лава и кратер. Се покажа дека еден од тие обиди бил последен. Но, барем можеме да видиме дека последните секунди што ги снимил дронот“, се наведува под снимката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This