(Видео) Неловски: Се фaлcификувале пaсоши во срцето на одбранбениот систем на Македонија, а yaпсени се само неколку ситни риби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владимир Нелоски, претседател на Градскиот Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата Неделен брифинг со Сотир Костов на Инфомакс, зборуваше и за скандалот со пасошите поради кој Македонија стана црна дупка не само на Балканот, туку и во светот.

„За жал Македонија како држава се најде во центарот на светските медиумски збиднувања не поради некој спортски, меѓународен или економски успех, туку по криминален успех. Македонија за жал стана Панама од 80тите и 90тите години, држава која што на еден начин претставува уточиште и прибежиште на криминалци кои се калибарот на Пабло Ескобар, од калибарот на картелите во Мексико. За жал, Македонија и овие од власта си ги прибраа и им поделија пасоши и на еден начин им овозможија слободно да го работат она кое што најдобро го знаат, а тоа се криминалните активности. Овој скандал е уште поголем бидејќи не се фалсификувале пасоши во некој подрум, туку се фалсификувале во срцето на институцијата којашто треба да е одбранбен систем на Македонија, а тоа е министерството за внатрешн работи. А никој не може да ме убеди дека само девет службеници се виновни за ова, кои се товарат за злоупотреба на службената положба, кога очигледно се работи за криминално здружување  кое дејствувало повеќе од две години“,  посочи Неловски додавајќи дека вината им се натовари само на неколку ситни риби додека главните играчи се сѐ уште на слобода.

Во однос на обвинувањето на власта дека ВМРО-ДПМНЕ ја компромитирало целата акција, Неловски изјави дека тие лица имале повеќе од две години доколку сакале да избегаат.

„Ние имаме состојба за жал кога министерството за внатрешни работи две ипол години им дава слободен простор на овие мафијаши да штанцаат свои патни исправи.  Обвинувањето дека ние сме ја саботирале акцијата е исто како ставот на СДСМ дека донесоа двајца заболени во собрание за да го изгласаат пакетот мерки за стопанството, а 112 пратеници го гласаа законот. Во ваквите небулози, и на еден начин лудачки изјави не веруваат ни самите , бидејќи доколку некој од тие лица сакал да избега од лицето на правдата имал две години. А тие велат дека ние сме саботирале со давање можност од 24 часа на тие луѓе да избегаат. “, посочи Неловски.

Дополнително,  Неловски ја спомна и американската амбасадорка, која даде неколку изјави во насока на поддршка на акцијата на МВР.

„Јас не очекувам ниедна наша партнерска држава да излезе со став различен освен поддршка за сузбивање на криминални активности. Тоа е нормална изјава. Она што не е нормално е што ние во 2018 дознала владата дека се делеле пасоши, не реагира, во 2021 година Седар Пекер го ектрадира, прашање зашто гне го екстрадираат во Турција, каде што е баран од страна на власта, туку ви Косово, за три дена после тоа истиот тој човек кој што го избркале од државата слободно да сси влезе преку граничен премин и да отиде во Драчево, како успеал човекот да се снајде секоја чест, и да успее да извади таму патна исправа. Она што е трагично е што ние до ден денес немаме изјава од страна на министерот и министерството дали вие пасоши се поништени? И дали вие луѓе се уште можат да ги користат овие пасоши? Според информации коишто јас ги имам овие луѓе се уште шетаат низ белиот свет.“, заврши Нелоски

Емисијата Неделен брифинг со Сотир Костов и  Владимир Нелоски на Инфомакс можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This