(Видео) Николоски: До кога платената вojckа на бегалецот ќе го тepopизира Скопје и неговите граѓани?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешнта седница упати пратеничко прашање до Министерството за внатрешни работи поврзано со насилниците кои, како што е познато низ целиот град, по нарачка на нивните работодавци физички напаѓаат неистомисленици, но и пренесуваат „пријателски пораки“ за оние кои им се спротивставуваат. Меѓу жртвите на нивните напади се и новинар и уште три лица познати на јавноста, меѓу кои и Љупчо Палевски Палчо.

„Во изминатиов период во Скопје е харај на банда насилници, која што јас барем знам дека претепа четири луѓе во градов од којшто еден новинар и тројца познати луѓе, сите имат една заедничка работа, односно не се во добри односи со бегалецот од правдата. И моето прашање е дали после сите овие случувања коишто се случија и состојбата во којашто се најдовте и како министер и како влада ќе се охрабри министерството за внатрешни работи да ги открие луѓе и да одговараат затоа што претепаа четири луѓе од коишто дел се со сериозни последици“, изјави Николоски на денешната седница во Собранието.

Николовски директно праша дали овие лица ќе бидат запрени со оглед на тоа што се страв и трепет за граѓаните и сопствениците на компании во градов.

„И дали конечно истите ќе бидат запрени затоа што истите претставуваат еден вид на платена војска на бегалецот на правдата“, праша Николоски

Николовски потенцираше дека е јавна тајна идентитетот на овие луѓе, додавајќи дека се работи заа како што е општо познато лица од скопската населба Автокоманда, па малце и да ја насочам истрагата. Тој додаде дека очекува да се каже дека тешко оди собирањето на докази, но имајќи предвид дека ова е мал град и дека генерално е мала држава, со соодветни методи ќе можат да се откријат, така што прашањето е дали ќе имате акција за откривање на овие луѓе имајќи предвид дека го тероризираат целиот град и дека прашање е кога ќе направат следна акција.

„Еве може мене ќе ме нападнат имајќи предид дека сега јас јавно поставувам едно прашање, а мислам дека е добро да се исчисти градов од вакви и слични на нив насилници коишто хараат по градот“, додаде на крај Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This