Американскиот претседател Доналд Трамп ја доведе во прашање компетентноста на неговиот противник на претседателските избори Џозеф Бајден да спроведува меѓународни преговори со земји како Русија и Кина.
„Како мислите дека Кина, Русија, Јапонија и другите би преговарале со него (Бајден)?“ „Нема да остане ништо од Америка“, напиша Трамп на Твитер.
Покрај тоа, тој сподели со корисниците видео во кое Бајден едвај изговара зборови, обидувајќи се да одговори на прашање.
Не беше прецизирано на што се однесуваше прашањето.
Видеото можете да го погледнете ТУКА