(Видео) НЛО влета во Тихиот океан, Пентагон ја потврди автентичноста на снимката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неодамна објавеното видео од мистериозен летачки објект, снимено во близина на брегот на Калифорнија, е автентично, потврди Министерството за одбрана на САД. Пентагон изјави дека снимките од кружниот објект се снимени од еден од поморските воени бродови и дека истрагата е во тек.

Видеото е објавено од познатиот американски филмски уметник Џереми Корбел. На снимка направена од инфрацрвена камера се гледа како кружен предмет лебди над океанот пред да падне во вода.

Набргу откако видеото започна да кружи на социјалните мрежи, Пентагон ја потврди неговата автентичност, пренесува РТ.

„Можам да потврдам дека видеото е снимено од припадник на морнарицата и дека истрагата за случајот е во тек“, рече Сузан Гоф, портпарол на морнарицата.

Случајот го истражува специјална група за неидентификувани воздушни феномени (УАПТФ) формирана како дел од разузнавачките структури на Пентагон.

На снимката се слушаат и гласови на морнари, кои се многу изненадени од она што го гледаат, а едниот од нив му вели на другиот да го забележи местото каде што предметот паднал во океанот.

Џереми Корбел, кој освен уметност, прави и документарци за НЛО, тврди дека видеото е снимено во близина на Сан Диего во 2019 година. Како што вели, снимката е направена во командниот центар на воениот брод „Омаха“.

Тој ги објави и наводните записници од воениот состанок за тоа прашање, кои покажуваат дека обидите да се најдат остатоците од предметот во водата по падот, биле неуспешни, пренесува РТ.

Пентагон претходно објави дека ја откажал програмата за следење на НЛО, но минатата година, во извештајот до Сенатот, беше објавено дека работата ја продолжува друго тело, УАПТФ. Сенатот му нареди на тоа тело да ги објави своите извештаи за НЛО до јуни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This