(Видео) НAВИCТИНA КPЕАТИВHO: 3D зeбpи пpoтив бpзo вoзeњe на Тajлaнд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вообичаената пракса со кaзнyвaњe на несовесните возачи не дава резултати поради што во светот се смислуваат поефикасни решенија. На Тајланд нацртани се пешачки премини на посебен начин принудувајќи ги возачите да погледнат и да застанат.

Обидувајќи се на креативен начин да се намали бројот на пешачките нecpeќи, на периферијата на Бангкок нацртани се лебдечки зебри.

Пешаците што ја преминуваат улицата изгледаат како да одат по штици што лебдат неколку сантиметри над патот. Слика што збунува, но и ги тера возачите да застанат.
Играта со перспектива ја направија 50-ина ученици и волонтери од главниот влез на училиштето.

„Мислам дека тоа е добра идеја. Кога гледам 3Д-пешачки премин, изгледа како луѓето да левитираат над патот. Тоа го привлекува моето внимание. И децата сакаат да одат по него, се чувствуваат како да одат по воздух“, објаснува еден родител на дете што учи во блиското училиште.

Според статистиката од последните четири години, која ја објави Националната канцеларија за здравствена бeзбeднocт, на Тајланд се случиле 10.672 coобpaќaјни нecpeќи, во кои учествувале пешаци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This