(Видео) Нacилни пpoтecти вo Париз: Пoлициjaтa yaпcи нaд 100 дeмoнcтpaнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во Париз уапси повеќе од 100 лица на денешниот протест, кој се одржа поради предложените закони за безбедност, пренесува АП.

Полицијата ги апсеше демонстрантите за кои се сомнева дека можат да се придружат во насилни групи, како оние на претходните демонстрации, кои уништувале излози и автомобили, пренесува Ројтерс.

Долгите кордони полицајци и полициски автомобили ги следеа демонстрантите додека тие маршираа низ улиците на Париз. Тие упаднаа во толпата, обидувајќи се да ги спречат немирите што ги обележаа претходните демонстрации.

На крајот од маршот, полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите.

Освен во Париз, протести се одржаа и во другите француски градови. Пет лица се уапсени на денешниот протест во Лион, за кои властите тврдат дека нападнале полицајци и дека се обиделе да ограбат продавници.

Демонстрантите се спротивставуваат на предложениот закон за безбедност, поради што избувнаа протести што се одржуваат за време на викенд веќе неколку недели. Предлог законот за борба против радикалниот исламизам е исто така на удар на нивните критики.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This