(ВИДЕО) ОВА Е МОСТОТ КОЈ, ПОСЛЕ 28. ГОДИНИ ПРЕГОВОРИ, ЌЕ ГИ СПОИ РУСИЈА И КИНА:Ќе биде долг 2. километри!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изградбата на завршната палуба на железничкиот мост преку реката Амур ќе биде завршена наредниот месец.
Тоа ќе биде дел од долгоочекуваната инфраструктура која треба да ги поврзе далечниот исток на Русија и најсеверната кинеска покраина Хеилонѓианг.
Мостот ќе се простира од Нижњеленјинског (еврејски автономен регион) до Тонгѓаинг и ќе стане прв железнички мост помеѓу двете земји. Делот преку реката Амур е долг 2,2 километри а вкупната должина на сообраќајницата ќе биде 21. километар. Кина веќе ја завршила изградбата на својот дел од мостот.
Русија планира извозот на руда, јаглен, минерални ѓубриња, дрвена граѓа и друга стока да оди преку железничката инфраструктура во Кина.

Изградбата на прекуграничниот мост помеѓу Русија и Кина официјално започнала во 2016. година, после 28. години преговори. Новиот мост и придружната инфраструктура ќе чинат повеќе од 300. милиони долари а ќе биде долга 19,9 километри. Околу 6,5 километри од мостот и сообраќајните раскрсници ќе се наоѓаат во Кина, а преостанатите 13,5 километри во Русија. Должината на главниот висечки мост ќе биде 1.300 метри а ширината 14,5 метри.
Мостот во голема мерка ќе ја олесни трговијата помеѓу двете земји бидејќи трасата ќе биде приближно 3.500 километри покуса од моменталната. До 2020. година се очекува прометот да се зголеми за 10. пати, од 300.000 на три милиони тони.

https://www.youtube.com/watch?v=0t2xjV60L6I

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This