(Видео) Ова е помиpyвање: Шпанија ги пoмилyва каталонските сепapaтиcти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ги помилува сите девет каталонски сепаратистички лидери, кои се осудени за организирање на, според шпанските закони, нелегалниот референдум за независност и донесувањето на декларацијата за независност на Каталонија во 2017.

EPA-EFE
Санчез ги објави помилувањата во телевизиско обраќање. Помилувањата се условни и забраната за вршење јавни должности за каталонските лидери останува на сила.

Шпанскиот премиер ги опиша помилувањата како знак на добра волја и прв чекор кон решавањето на политичкиот конфликт на Мадрид со богатиот североисточен регион, чија влада бара нов референдум за независност, но со согласност на Мадрид.

Социјалистичкиот лидер кажа по седницата на владата дека тој потег ќе отвори „нова етапа на дијалогот“ која ќе овозможи „еднаш засекогаш да се заврши со поделбите и конфликтите“.

Деветте каталонски лидери беа осудени во 2019 на казни меѓу девет и 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавни средства при организирањето на референдумот за независност на Каталонија од Шпанија.

Мадрид го забрани одржувањето на референдумот кој го бојкотираа поддржувачите на останувањето на Каталонија во Шпанија, а каталонската регионална власт еднострано по референдумот прогласи независност.

Тогашниот шеф на каталонската дипломатија Раул Ромева, кој е осуден на 12 години затвор, кажа дека Каталонија ќе продолжи да се бори за правото на самоопределување.

„Помилувањето на девет луѓе нема да ја скрие репресијата која продолжуваат да ја прават врз стотиците сепаратисти. Нема да се откажеме од борбата: амнестија и самоопределување!“, напиша тој на Твитер.

Сепаратистичките лидери ќе бидат пуштени од затвор откако помилувањето, на кое според анкетите се противат повеќето Шпанци, ќе биде објавено во националните весници.

Конзервативните шпански опозициски партии објавија дека ќе го оспорат помилувањето на суд, додека неколку стотици сепаратисти протестираа во Барселона вчера, сметајќи го планот на Санчез за недоволен, барајќи нов референдум за независност.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This