April 26, 2024, 10:18 pm

Пpивeдeнo eднo лицe oд Тетово – зeл пapи oд тpoјцa вeлejќи дeкa нивни блиcки зaгинaлe вo cooбpaќajки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 22.06.2021 околу 13.50 часот на ул.„Никола Тесла” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Р.М.(44) од Тетово, поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама”, казниво по член 247 од Кривичниот законик, за што денеска (23.06.2021) му е поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Тетово.

Р.М. се сомничи дека во јануари, март и април годинава со лажно прикажување на факти измамил лице од Охрид и двајца српски државјани и противправно се стекнал со вкупна имотна корист од 2210 евра. На оштетените телефонски или преку пораки им се јавувал дека нивни блиски загинале во сообраќајни несреќи и дека преку друго лице треба да му испратат пари за транспортни или други трошоци.

Р.М. и претходно бил кривично пријавуван дека на идентичен начин досега вкупно измамил четириесетина лица од нашата земја и од Косово, Србија и Албанија.

Тој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This