(Видео) ОДЛИЧЕН ТРИК ЗА БОЕЊЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Со пена за бричење ќе добиете јајца како боите на виножитото!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стандардното боењето на јајцата може да биде доста напорно и досадно – да не зборуваме за можноста дека сите јајца може да се cкpшат кога ќе ги ставиме во топла вода! Од друга страна, еднобојните велигденски јајца се сосема монотони, и затоа интернетот пoлyде за трикот со пена за бричење, при што можете да добиете јајца во сите бои на виножитото.

Јутиб видео кое има над два милиони гледања го пoлyдe светот благодарение на сјајниот трик со пена за бричење. Имено, ако одлучите дека на овој начин ќе ги обојувате јајцата за Велигден, не само што ќе нема потреба да ги варите јајцата со боја, туку ќе добиете и најинтересен дизајн – така што сите ќе бидете воодушевени.

Интересно е дека истиот трик може да го направите со шлаг или засладена кисела павлака, така што нe мора да користите хемија (која се наоѓа во пентаа за бричење).

Потребно е:

– пена или изматен шлаг

– различни бои за храна (течност)

– чинии

– две кафени лажички или стапчиња

– бели варени јајца

Подготовка:

Истурете пена или шлаг во садот, оптимално во некоја пластика или алуминиум што може да го фрлите потоа. Додајте неколку капки од различните бои, па измешајте со стапчиња или лажички, за да добиете шара што изгледа како двобоен мермер.

Сè што ви е оставено сега е да ги валкате јајцата едно по едно, за да се ишараат со различни бои од сите страни, а потоа да ги оставите на хартиена крпа околу 20 минути (колку што е подолго, толку подобро). Конечно, внимателно отстранете ја пената без да триете, а на јајцата ќе остане бојата – и ова ќе го направи јајцето да изгледа како да само што дошло од волшебната земја на еднорогот и самовилата!

Погледнете колку е едноставно да направите шарени јајца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This