April 27, 2024, 11:48 pm

(Видео) Палевски до Милчин: Дали децава од 27 се тepopисти, без жpтви, без иcпykан kypшум, без нepвен гaс…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Палевски, во денешнот издание на Тешки муабети на Инфомакс, повика на сенароден собир за правда на неправедно осудените за настаните од 27 април кои власта ги прогласси за терористи. Палевски се обрати до режисерот Владимир Милчин, кој беше едно од лицата на т.н. Шарена револуција која протестираше против претходната власт с слоганот Нема правда нема мир.

„Таа правда што ја бараше Владе Милчин, еве ајде сега нека помогне, еве и јас барам правда, за 27 да ја истераме заеднички правдата, со овие шарениве. Нели бараа правда шарениве, еве и јас барам правда, Горан Ангелов бара правда, Јане Ченто бара правда, Владе милчин за правда. Ајде сите да истераме на 25 да почне заедничко барање на правда.“, повика Палевски.

Тој додаде дека Милчин е политички свесен и зрел човек, прашање е на доблест дали ќе побара и он правда за 27.

„Ме интересира неговиот став, дали се терористи децава кај што нема ниту еден убиен нема испукан куршум, не нервен гас, нема ништо. Има бес, и тепање. И баш ме интересите тој стар искусен политички до перфекција, 50 години е во политиката, да ми одговори јавно, дали овие луѓе се терористи и ако не се, дај да утврдиме процес“, повика Палевски јавно додавајќи дека доколку не побара Милчин правда за 27, тогаш тоа е политичко лицемерие.

Видеото од емисијата Тешки муабет на Инфомакс можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This