(Видео) Палевски: Косово е тeмпиpaна бomба со претседател обучуван од ЦИА за дестабилизација Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното издание на емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс, зборувајќи за актуелните теми, ги коментираа и изборете во Kосово на кои беше избрана првата жена претседател. Се работи за Вјоса Османи во чија официјална биографија стои дека е обучувана од ЦИА и САД токму за таа позиција. Живеела во Пенсилванија, каде после обуките од ЦИА, магистрирала и докторирала право на универзитетот во Питсбург. Зборува 30 јазици, меѓу кои и македонски.

Палевски коментираше дека Османи е инсталирана од САД, како контратек на владата инсталирана од Германија.

„Косово е држава која нема своја надворешна политика, добива инструкции од Америка и Косово е таа темпирана бомба која треба да ја дестабилизира не само Македонија и регионив, туку и цела Европа да ја покаже како неспособна“, коментираше Палевски

Палевски потсети на преговорите во Брисел, каде беше потпишана и спогодба помеѓу Србија и Косово, која остана само на хартија, барем за Косово, додека Србија, можеби наивно, оствари дел од своите обврски.

Тој додаде дека Косово ќе биде поделено, на штета на Македонија.

„Косово не може политички да се реши, а со конфликт, контролиран конфликт како кај нас во 2001, кој ќе дојде во многу скоро време, тоа ќе биде поделено“, подвлече Палевски.

Во прилог на овие анализи на Палевски оди во прилог и изградбата на најголемата воена база која е предвидена да се изгради во Косово, но и лобирањето на Албанците од Македонија кои отворено работат во корис на Косово.

Емисијата Тешки Муабети во живо можете да ја следите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This