(Видео) Палевски: Kомплетната политичка елита не може ништо да направи за МакедонецотМилош Милошевски, Љупчо Палевски, Тешки Муабети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најновото издание на „Тешки муабети“ на Инфомакс, Љупчо Палевски зборуваше за одлуката на Апелациониот суд за осудените за настаните од 27 април, комментирајќи го молчењето ка медиумите кои се прават слепи, но и истакнатите правници во Македонија, кои не најдоа за потребно да реагираат

„Потребно е организирање, потребна е македонска сила, ги имаме мотивите, ги имаме доказите, ги имама фала богу живи децава, и сметам дека оваа проклета пресуда на Апелација е моментот кога треба да биде големо отрезнување. кога гледаш дека медиуми, телевизии кои трошат медиумски суми се прават слепи и глупи, кога гледаш дека сите овие силни правници Каракамишева, Апасиев, Гога Сорос, да не кажувам и други, ќутат, нема реакција, нема бар еден статус да напишат“, реагираше Палевски.

„Еве Апасиев можеше да напише еден статус, ‘јас како правник, тралала…’ да објасни, да поддржи, да напише дека Апелација треба да размисли, одложи, да не повика, ОЈО да не повика, што се овие докази, камо да видиме ова Нинџа што зборел, како говорел, и така на натаму“, посочи тој.

Палевски потсети и на сведочењето на Дешо во живо во Инфомакс, на кое не изреагира ниту една од надлежните служби.

Никој тоа не го направи, и е доказ дека комплетната политичка елита не може ништо да направи за Македонецот, ова е све лага, фејк, рече Палевски, додавајќи дека и по четири емисии на Инфомакс во кои се обелоденуваат информации за 27 април кои даваат сосема различно светло на натаните, никој не реагираше

„Тоа е лицето на оваа политичка елита која е никаква, јас тоа долго реме го тврдам, сеа тоа се покажа“, заврши Палевски.

„Тешки Муабети“ – Епизода 19, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 19, Сезона 1 Домаќини: Љупчо Палевски – ПалчоМилош Милошевски – Миќо

Posted by infomax.mk on Sunday, February 14, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This