Пред малку Инфомакс го објави видеото од нападот на нашата екипа во Прилеп.
Набрзо потоа десетици граѓани се обратија до нашата редакција со податоци за напаѓачите.
Еден од напаѓачите, е татко Александар Спиркоски – Џемо познат во Прилеп по неговото богато криминално досие, Круме Спиркоски.
Во снимка објавена мината година за парламентар ните избори Александар Спиркоски- Џемо и Бајрам Рифатоски- Бајрамче говорат како земале пари од партија од власта и тоа во висина и до над 10 илјади евра.
На видеото се слуша како членови на партија од власта им делеле на Ромите брашно, шеќер, масло и сол, пипер и макарони ги тераат да гласаат за владеачката партија
Другиот напаѓач е извесен Винко Талески од Прилеп кој одговарал за полов напад на дете и педофилија пред 2 месеци пуштен од затвор.
Нашите информации велат дека тој бил повеќе пати осудуван и го повторувал делото. Нашите извори велат дека Талески бил специјално ослободен од затвор пред изборите.
Видеото погледнете го тука.