(Видео) Потkyпи во Охрид асистирани од полиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Охрид и вечерва е тензична состојбата. Екипата на Инфомакс беше пречекана од две полициски патроли и уште неколку волозила со цивилни полицајци. Според нашите сознанија, вечерва екипи на специјалната единица Тигар партолираат низ Охрид, вршат притисок врз граѓаните, ги бркаат активистите на опозициските партии, да не пријавуваат евентуален поткуп или прекршување на изборниот молк. Покрај официјалните полициски возила, има уште најмалку седум, осум цивилни возила со полициски инспектори. Прашање е што прават тие.

Заедно со новинарот на Инфомакс, Александар Митовски, се вклучи и Горан Момировски, кој изрази загриженост поради присуството на цивилни полицајци.

„Според најлошото сценариот, тие обезбедуваат поткуп, односно ги обезбедуваат луѓето кои вршат поткуп. За да не можат ниту новинарите, ниту активистите или обичните граѓани да го пријават тој поткуп. практично, тие луѓе се како аштитна зона помеѓу тие што поткупуваат. Во моментов имаме информација, од пред 10тина минути во месноста Социјални згради овде во Охрид се случува поткуп, но обични луѓе не можат да дојдат до таму, не можат ни да сминаат. Ова е прашање кое мора да го одговори Државната изборна комисија, а пред се на ова мора да одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. То овде испрати спеццијални единици, нешто што е невообичаено. Специјални единици одат на многу сериозни случаи, знаете загинаа во Диво НАселје во Куманово. Да се извадат специјални единици во Охрид е ништо други, освен отворен притисок, закана за насилство против граѓаните на Охрид. Тоа за жал се случува не само во Охрид, туку и на други места“, коментира Момировски.

Полицијата, се чини, користи иста тактика во сите градови, одблиску ги следи нашите екипи, со цел, веројатно, да информира доколку се приближат до локации на кои се врши поткуп.

„Интересно е тоа што полицијата откакако сме влезени во Охрид имаме одно возило залепено на нас. Полицијата во исто време ја спроведува истата тактика и со екипата на Инфомакс во Битола и со екипата на Инфомакс во Гевгелија, и во Кочани. полицијата практично ја следи екипата на Инфмакс, и дојавува дека таква и таква новинарска екипа се приближува кон местото за кое што ние претходно имаме информација дека се врши поткуп или некаква незаконско агитирање и со тоа де факто, ги спсуваат и тргаат од камеррите луѓето што го вршат поткупот“, коментираше Митовски.

Тој потсети дека во Охрид, веќе два дена е присутен и министерот за здравство, Венко Филипче, кој агирита за гласови заедно со Нефи Усеини, лице со криминално досие.

„Она што уште повеќе ме загрижува е што покрај специјалните единици, тука е и министерот за здравство Венко Филипче, кој не може да не зане за овие ситуации, со оглед на тоа што е и вицепремиер, мора да е запознаен. Филипче и вчера и денес беше активно на терен, активно да агитира за нивниот кандидат заедно со Нефи Усеини. Инаку Нефи Усеини е добро познат на македонското подземје, уште подобро познат на македонската полиција заради тоа што има таа подебело досие. ЗАедно со него Филипче агитира за гласови за нивниот кандидат. За потсетување, Филипче беше министерот кој што немаше доволно храброст да си поднесе оставка од морални причини по онаа кастраофа што се случи во тетово каде што животот го загубија 14 пациенти коишто се лечеа во модуларната ковид болница. Денес Филипче, заедно со уште еден криминалец тука води кампања“, посочи Митовски.

Екипите на Инфомакс се на терен на повеќе локации во Македонија каде што се одржува втор круг од локалните избори и каде што има информации дека ќе се врши поткуп или други прекршувања на изборниот процес и избодниот молк. Доколку имате информации за поткуп, закани, притисоци, незаконски агирирања и слично, контактирајте не преку нашата фејсбук страна iNFOMAX.MK

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This