(ВИДЕО) ПРАВЕЛ СЕЛФИ СЕКОЈ ДЕН 20 ГОДИНИ: Животот во 8 минути и 7.263 фотографии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ноа Калина неодамна објавил пресек по 20 години фотографирање, но овој фото-проект продолжува.

Фотографијата кажува повеќе од 1.000 зборови, е стара поговорка која еден човек одлучил да ја примени во неговиот живот.

Имено, Ноа последните 20 години секој ден правел селфи, а бидејќи почнал со фотографирање на 11-ти јануари 2000 година, одлучил пред неколку дена, односно на 11-ти јануари оваа година да направи пресек.

Објавил снимка која претставува колаж од сите селфија од 2000-та година до денес.

Актуелниот колаж кој ги документирал промените низ кои минувал Ноа содржи 7.263 фотографии, а проектот и натаму трае.

Ако се cyди по посветеноста на Калина, можеме да очекуваме нов пресек во наредните години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This