(Видео) Пренџов: Акцијата им се викаше „Планина“ бидејќи cpaмот им е голем колку Шар Планина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Љупчо Пренџов, во денешното гостување во Неделен брифинг со Сотир Костов на Инфомакс ја кометираше полициската акција „Планина“ која буквално пропадна, кога полицијата, место наркобосовите кои ги гледаме на фотографии со функционери од власта по социјалните медиуми, успеа да уапси само неколку улични дилери. Пренџов нагласи дека Македонија, а посебно Скопје има сериозен проблем со дрогата, која зема се поголем замав и никој не ја контролира, што предизвикува страв кај населениеот

„Во република Македонија наркомафијата си има сопствена влада: „Моќнитe“ МВР и Јавното обвинителство се пофалија колку луѓе уапсиле и јас сакав да го поздравам тој чекор бидејќи тоа доликува на мојот политички поглед, но не помина ни половина час за потоа да и соопштат дека најголемите и најголемите и најглавните наркобосови и онио коишто се извор на многу фамилии, оние коишто се извор на проблемите, тие успеале да им избегаат. Акцијата им се викаше планина, затоа што срамот и бруката им се големи како Шар Планина. Она што го направија е навистина срамота. Тоа е системот во државата, и ова е причина повеќе зошто на Република и е Потребен еден нов систем и една нова политичка номенклатура“, изјави Пренџов.

Пренџов уште еднаш нагласи дека ова е многу сериозен проблем со дрогата, посебно што надлежните дури денес распишале меѓународна потерница.

Гостувањето на Љупчо Пренџов можете да го проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This