(Видео) Пренџов: Нов ден, две нови задолжувања, па дали има пилот во авионот на оваа влада?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов денес во собранието од собраниската говорница го критикуваше новото задолжување на власта.

„Нов ден, ново задолжување, разликата денес е во тоа што веќе и на заменик министерот кој што катаден доаѓа во собранието да брани нешто што не се брани, новите задолжувања, денес го нема. Фатмир Бесими одамна не е дојден во собранието, Благоја Бочварски го пратил заменикот, затоа што не можат повеќе ова да го слушаат и тие кои што го бараат. Денеска не е само нов ден и ново задолжување, денеска е нов ден и две задолжувања. Наутро се задолжувате 50 милиони евра за реформи во земјоделие, напладне се задолжувате 70 милиони евра за градски превоз во Скопје. Дали има пилот во авионот што се нарекува влада?
До кога секоја реформа ќе ја правиме со задолжување? До кога ќе му го чувате стравот на оној којшто е ALL IN во оваа приказна? Дали ие како пратеници ќе се запрашаме кои ќе ги враќа овие пари? Дали ние како пратеници сме се запрашаче дали треба можеби да ставиме точа на дневен ред, акционен план за враќање на овие кредити? Странски инвестиции нема, има одлив, домашните инвеститори не веруваат во правниот систем на државата и судскиот систем и не инвестираат во Македонија, ни кажуваат преку медиуми дека инвестираат во соседството, па ве прашувам колеги, најчовечно прашање, кој ќе ги враќа овие средства што ги земате?“, рече Пренџов во своето обраќање.

Пренџов потсети дека власта додека беше во опозиција постојано критикуваше за задолжувањата, за дока ќе дојде на власт, истите да ги зголеми за цели 20%.

„Мене ми е јасно дека се плашите од локални избори, ова е шестиот закон во поддршка на локалниет избори. Првиот беше зголемување на средствата од ДДВ коишто одат на конто на општинските буџети, вториот беше зголемување на долговите на општините од 30 на 50%, потоа имавме енергетски објекти во општините, па образовни објекти, па и сега имаме брз превоз во Скопје, бидејќи нели Скопје е престижот. Ама Скопје е престижот од денес за утре, а наредни 40 години кој ќе го враќа ова, претпоставувам дека некогаш и вие ова дома се прашувате.

Илјада пресови поминавте во опозиција дека државата е премногу задолжена. Со 45 проценти меѓународен долг велевте дека сме грчко сценариот. Сега ве гледам во очи и ве прашувам, со 65% какво сценарио сме колеги, какво сценарио сме?“

Пренџов ја критикуваше одлуката, проектот за брз превоз во Скопје да се направи со парите од задолжувањето кое потоа ќе го враќаат граѓаните од целата држава, додека бенефитит од проектот ќе ги користат само скопјани.

„Ароганцијата на оној кој што го бара и кој што го вети ова, градоначалникот на Скопје и неговата суета, не дозволуваат тој тука да се појави и ни објасни зошто народот треба да го задолжуваме за тој да сече лента. Мене навистина не ми е јасно дали во Скопје треба да има брз превоз? Да, треба да има, и не уште во времето на Коце, уште од времето на Трифун Костовски требаше ад се почне со брз превоз и тоа е неспорно. Што е спорно. Зошто граѓаните од Гостивар, од Велес, од Битола, од Штип, од Тетово, да го плаќаат брзиот превоз на нас кои што живееме во Скопје. Секој од нас колеги, коишто имаме 1000 евра плата, од било која банка можеме да отидене и да земеме 10 000 евра кредит. Зошто на градоначалникот на Скопје кој што има повеќе од 80 милиони евра годишен приход, ќе му биде проблем да земе 70 милиони евра кредит и градот со сопствени средства како што лиќи да си го направи брзиот превоз како што го ветуваше? Зошто не си го поставиме тоа прашање? Одиме во Тетово, во Гостивар, во Велес, во Штип? Тие таму не се луѓе? Тие ќе се гужваат во тесните улички, за градоналаникот на Скопје кој што има 80 милиони евра приход да си прави брз превоз со со народни пари на два милиони граѓани и тоа не е во ред и тоа не смееме да го бараме. Со проектот е предвидено да се направат патни коридори кои се направени само за автобусите на пример, автобуски ленти на средината или по работ на булеварите. Почитувана јавност, земаме 70 милиони евра кредит, за да направиме ленти по средината или по крајот на булеварите. Со ова кажуваме дека поима немаме каде ќе бидат тие автобуски постројки, поима немаме како треба да се градат, дали ќе се поврзуваат тротоарите со надвозници или со подвозници? Нема ништо. И можебе е добро да земе реплика господинот заменик министер и да ни каже, бидејќи јас не можам да сфатам каква врска има транспорт и и врски министерството со брзиот превос во град Скопје освен за сечење на лента при неговото отварање“

Пренџов потсети дека на трети декември 2019 влада на РМ донела одлука да се побара заем од Европската банка за обнова и развој за овој проект, за брз автобуски превоз во Скопје. На 20 декември 2019, ЕБОР рекол заме ќе добиете доколку биде изгласан таков закон, прашувајќи зошто град Скопје, со овие сознанија, ги асвалтираше скопските булевари и покрај тоа што ќе треба за година дена повторно да се прекопуваат

„И сега го поставува прашањето ако владата знела дека долж Партизанска, долж Јане Сандански, долж другите булевари и ќе се копаат тие булевари, зошто тогаш градоначалникот Шилегов ги трошеше парите да ги преасвалтира истите тие улици коишто кодина дена треба да ги копа. Дали тука имаме злоупотреба на злужбена положба? Дали сме запрашале зошто го направил тоа? Јас ќе ви кажам зошто, затоа што немавте со што да се пофалите на парламентарни избори, имаме градоначалници коишто не работат, и ова беше одлична можност да се каже дека нешто се сработило и таа забава која што си ја правевте граѓаните ќе ги чини мнногу мулиони евра. Велите ќе се прави во две транши, првата 47 милиони евра, ќе оди од запад кон исток, и втората 22 милиони евра од север до југ. Ако првата транша се прави пет години, и кошта 47 милиони евра, зошто тогаш се задолжиле само 47 милиони евра. Зошто на овие 22 милиони и 400 илјади евра шест години да плаќаме“, подвлече Пренџов.

Тој предупреди дека овој закон ќе го враќаме долги години, овој проект во наредните десет години нема да заврши и дека овој закон има единствена цел  да му го чува стравот на премиерот за локалните избори.

„Колеги пратеници немојте да се однесувате како што се однесува првиот човек во владата, а и тоа јавно го кажува. Ние мораме да мислиме до кога ќе ја задолжуваме оваа држава и мора да престанете да му ги исполнувате желбите на монархот од владата. Тој нема што да изгуби, а многумина од вас утре ќе отидат на избори да побараат поддршка од граѓаните, а тогаш ќе имаме 65 или 67% задолжување. Ако продолжиме со ови бројки ќе имаме сериозни проблеми, а ова не ние е потребно“, апелираше Пренџов

Дали ќе има санкц

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This