(Видео) Пренџов: Цeлo вpeмe ce „дepe“ нapoдoт – кaдe ce 4,2 милиjapди евpa дaнoк штo гo плaќaaт гpaѓaнитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешното гостување на ТВ 24, пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов коментираше во однос на задолжувањето, односно дека не постои седница на која што немало или некое ново задолжување или некое ново покачување на даноците во Република Македонија.

– На Комисијата за финансирање и буџет, и како медиуми ако ги отворите сите седници до сега, ќе видите дека не постои седница на која што немало или некое ново задолжување или некое ново покачување на даноците во Република Македонија. Значи практично од една страна цело време го дереме народот со разноразни давачки кои што им текнуваат од денес до утре, а од друга страна, секоја реформа што ја правиме, и во правосудство, и во земјоделие, и во енергетска ефикасност, и во локална самоуправа, ја правиме со кредит.. и логично тука се поставува прашањето.. „добро, каде се тогаш 4,2 милијарди евра пари од даноци кои што ги плаќа овој народ. – истакна Пренџов.

– Денеска ни е последното задолжување за локалната самоуправа, бидејќи знаете дека доаѓаат локални избори, и од почетокот на оваа календарска година до сега, покрај тоа што сме задолжени повеќе од една милијарда и 200 милиони само во Собранието, плус тука се задолжувањата согласно законот кои што ги прави Владата на Република Македонија, мислам дека проблемите со Бугарија и финансиите на состојба помеѓу правото и правдата се трите столба кои што ни се многу критични во оваа држава и кои што прават многу негативности за нашиот имиџ, и помеѓу нас во нашето општество и во меѓународната заедница. – потенцираше Пренџов.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This