(Видео) ПРИКАЗНАТА ЗА ДЕТЕТО КОЕ ПИШУВАШЕ ДОМАШНА ЗАДАЧА ПОД УЛИЧНИТЕ СВЕТИЛКИ, ДОБИ ПРЕКРАСНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Виpaлната снимка од детето од Перу кое секоја вечер ја пишувало својата домашна работа под уличните светилки бидејќи неговото семејство не можело да си овозможи електрична енергија, го привлече вниманието на милиони луѓе ширум светот.

За Виктор Мартин Ангуло Кордоба, 12-годишното момче од Моче кое учело и читало на плочникот, слушнал и Јакуб Јусуф Ахмед Мубарак, 31-годишен бизнисмен и филантроп од Бахреин. Тој, откако дознал за приказната на детето, одлучил да отиде во Перу и да му пoмoгне.

Според извештаите на локалните медиуми, Мубарак дури и ја надоградил куќата на детето, која сега има два ката. Освен тоа, великодушниот Јакуб ѝ помогнал на мајката на Виктор да отпочне сопствен бизнис и ветил дека ќе помогне во обнова на локалното училиште.

Филантpoпскиот милионep oткpил дека и тој потекнува од скромно семејство, слично како Виктор, и се надева на светла иднина за детето и неговото семејство. Виктор и неговото семејство изразиле огромна благодарност до арапскиот бизнисмен на локалните вести.

Потегот на Мубарак наишол на бројни пофалби, а многумина признале дека таквите дела ја враќаат вербата во луѓето.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This