(Видео) Прилеп дoбивa Млaдинcки кyлтypeн цeнтap, мyлтифyнкциoнaлeн oбjeкт нa мecтoто нa cтapaтa Вишa шкoлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грижата за младите и креирањето квалитетни младински политики, е еден од постулатите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Покрај изработката на нов Локален младински акционен план, во Програмата со која ја бараме довербата на граѓаните од општина Прилеп, високо на листата на приоритети се наоѓа изградбата на Младински културен центар.

Станува збор за изградба на нов мултифункционален објект на местото на старата Виша школа, односно сегашниот Работнички универзитет „Пере Тошев“.

Младинскиот културен центар ќе претставува катче за преквалификација, надградба, усовршување и стекнување нови вештини на младите и креативни луѓе, како и простор за делување на невладиниот сектор.

Покрај функционирањето на постоечките и новите дејности, во Младинскиот културен центар ќе постојат и други еквивалентни корисни содржини за потребите на сите чинители.

Дворниот дел ќе содржи игралиште за мали спортови, сцена за проекции на филмови и други културни настани, мала трибина, музички парк, урбана опрема, а просторот ќе биде хортикултурно уреден со зелени површини и садници.

Почитувани,

Младите луѓе се основата врз која го градиме концептот „Најдоброто за Прилеп“.

Гласот за Горан Сугарески и бројот 12, е влог во изградбата на подобра иднина за сите генерации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This