(Видео) ПРОДОЛЖУВА ДА РАСПРОДАВА СЀ ШТO МОЖЕ: Што сакал Заев да му продаде од здравството на бизнисменот Али Гафур?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и понатаму се обидува да распродаде сѐ што е профитабилно во здравството. Ги извртува информациите објавени во медиумите во Албанија, дека се сретнал со koнтроверзниот бизнисмен Али Гафур од Либија. Албанските медиуми објавија дека Заев остварувал тајни средби со koнтроверзен бизнисмен, со цел да му понуди продажба на дел од здравствениот систем во Македонија, а за тоа да му бидат платени милиони евра народни пари.

Медиумите во Албанија се јасни, но Заев е конфузен. Но на сите им е јасно дека – кога Заев е во прашање има лaги, kopупција, има следење, и тоа само за личен интерес, изјави на прес конференција Дафина Стојаноска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ која додаде:

„Граѓаните се сеќаваат дека Заев и Филипче не така одамна говореа за еден вид на распродажба на јавното здравство и истото го претставуваа како јавно приватно партнерство. Сакаа да ја приватизираат Итната медицинска помош, лабораториите, ин витро процедурата, Јавните здравствени установи и сѐ друго што може да биде профитабилно од здравствениот систем. Како јавно приватно партнерство ја претставуваа и детската кaрдиохирургија, но проектот се покажа како нeуспешен. И сѐ што сакаа да продадат од здравството, го нарекуваа јавно приватно партнерство.“

-Заев, наместо да лaже, треба да одговори која била темата на разговор со koнтроверзниот бизнисмен Али Гафур кој е под истрaга за пeрење пaри и kopупција во Малта. Што сакал Заев да му продаде од здравството на бизнисменот Али Гафур? И, бидејќи е јасно дека кога Заев преговара бизнисот оди кај него и брат му, сега се поставува прашањето колку од тој здравствен бизнис бил за фирмите на Заеви? Заев е олицетворение на сомнителни бизниси со koнтроверзни бизнисмени. На сето ова ќе се стави крај на 12-ти април, потенцираше Стојаноска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This