(Видео) Пpeнџов жecтоко до Д У И: Ве знаеме што мустри сте, лaжeтe некој друг од надвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред една година ова време вашите коалициони партнери од СДСМ велеа дека сте криминалци и дека е редно да отиде во опозиција, реплицираше до ДУИ пратеникот Љупчо Пренџов на денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот.

–Многу симпатично изгледаше вашата дискусија кога би ја слушал некој кој што не живеел во Република Македонија и кога прв пат би дошол и да ве слушам, морам да признаам дека навистина многу е симпатично. Ама ние се знаеме овдека, граѓаните на Република Македонија знаат, знаат сите овде пратеници, народски кажано што мустра сте. Пред една година ова време вашите коалициони партнери од СДСМ велеа дека сте криминалци и дека редно време е да одите во опозицја со тоа сакаа да ви пратат порака дека треба да одите и вие по судови. Потоа направивте коалиција во која целокупните финансии на државата и припаднаа на вашата политичка партија. Јас велел тогаш дека СДСМ е декор во владата, вчера ме потврди и Бујар Османи дека е ваша владата, на ДУИ. Одговорете им на граѓаните како по 1.700 луѓе вработени по разни институции, Артан Груби да има 39,56 проценти покачување на име на плати на администрација. Кажете им на граѓаните Албанци дека кај Груби за промоција на меѓуетничките односи имате намалено буџет за 38 проценти. Ставката за соодветна правична застапеност на заедниците ви е намалена за 42,4 проценти, праша Пренџов.

Пратеникот праша и зошто ДУИ како зелена партија сега ја намалува стапката квалитет на воздух за 2,64 проценти.


Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This