(Видео) Пpoтест пpoтив поскапување на струјата: Дeмонcтрaнтите ги истакнаа своите барања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните во повеќе градови ширум Македонија меѓу кои и Скопје денес излегоа на пpoтест против поскапувањето од 7.5 проценти на електричната енергија. Денешниот пpoтест се одржа пред Владата на Република Македонија.

Граѓаните, кои се собраа во значителен борј, извикуваа „ЕВН Лопови“, а на паролите што ги носеа беше испишано „Доста е“, „Крвта ни ја испивте“

Пред Владата на Република Македонија претставници на Организацискиот одбор пред граѓаните ги прочитаа повторно барањата. дадоа изјава за медиумите. Тие ги поздравија граѓаните кои во голем број излегоа на улиците да го поддржат пpoтeстот против поскапувањето на струјата и ги истакнаа своите барања:

Владата итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата, простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време. Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 отсто во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж, потенцираа организаторите.

РКЕ веднаш да ја повлече одлуката за поскапување на електрична енергија од 7,4 %, и потоа да ја намали електричната енергија за 46%

Владата да го намалои ДДВто за енергија од 18 на 5%

Владата да го раскине договорот со ЕВН и да се стави крај на нехуманото однесување кон граѓаните

Да се простат долговите на социјалните случаи

Собранието да ја укине Регуклаторната комисија за енргетија затоа што овој орган им служи на големите апети на бизнис групите

Собранието да формира едно независно тело кое ќе има мисија да верификува услуги на енергетски компании кон граѓаниете, да ги истражува сите жалби и поплаки на граѓаните кон овие компании и слини рекеташки коорпорации.

Да им се простат каматите на граѓаните кон овие компании

Демонстрантите упатија апел до сите демонстранти во Скопје, Куманово, Тетово, Кичево, Гостивар, Дебар, и другите градови каде граѓаните излегоа да го изразат peволтот за зголемувањето на цената на струјата, дека доѓа времето кога граѓаните ќе се обединат, бидејќи сите ги имаат истите проблеми.

Ја повикаа владата, РКЕ и енергетските компании да ја повлечат одлуката за поскапување на струјата, бидејќи народот нема да трпи и нема да дозволи богатење на грбот на сиромашните, стечајците, пензионерите. Народот ја оосети нивната игра, и нема да дозволи ова да им помине.

Исто такаа порачаа дека оваа битка ќе ја издржиме и ќе победиме.

„Таму каде што народот го крева својот глас, нема сила што може да го сопре“.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/320468032650451

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This