(Видео) Руската нуклeарна подморница за прв пат успешно ја лансираше ракeтата Циркон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана, кое во јули тестираше лансирање на проектилот Циркон од воен брод, објави дека проектилот сега е истрелан од подморницата Северодвинск додека била распоредена во Баренцовото Море и дека ја погодил избраната цел.

Снимката со низок квалитет објавена од министерството покажува дека проектилот е испукан во вис од подморница, а неговиот отсјај го осветлува ноќното небо и површината на водата.

„Се чини дека експерименталното лансирање на проектилот Циркон од нуклеарна подморница беше успешно“, велат од министерството.

Некои западни експерти се прашуваат колку е напредна новата генерација оружје на Русија, имајќи предвид дека комбинацијата на брзина, маневрирање и надморска височина го отежнува неговото следење и пресретнување.

Брзината на Циркон (9.800-11.025 км/ч) оневозможува да биде запрен од какви било противвоздушни системи.

Во јули, дел од снимката на која се гледа напредниот руски нов ракетен систем С-500, земја-воздух, намерно е замаглен за да биде потешко да се истражи во детали.

Во 2018 година, Путин најави ново суперсонично оружје во еден од своите највоинствени говори во последните години, велејќи дека тие би можеле да ја погодат речиси било која точка во светот и да го избегнат американскиот ракетен штит.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This