(Видео) Силно невреме во регионот – поројни дождови и ветер во Хрватска, опасност од лизгање на земјиштето во БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во земјите од регионот дува силен ветер и има обилни врнежи од дожд, коловозите се лизгави, а на некои делници има големи количини на вода и постои закана од одрони, па се повикуваат возачите да бидат внимателни.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде предупредување за временските неприлики кои се очекуваат на територијата на градот Сплит, каде локално паѓаат обилни дождови со можна појава на грмежи и со силно, повремено олујно југо.

Предупредувањето се однесува на можни поплави во Далмација, во областите каде што има порои, пренесе Танјуг.

Се повикуваат граѓаните да го почитуваат предупредувањето и да се однесуваат одговорно за да се заштитат себеси и својот имот, објавено е на Фејсбук страницата на ДХЗ.

Поради обилните врнежи од дожд на подрачјето на Сплит, на патиштата се задржува поголема количина на вода, а можни се и одрони на патните правци покрај Јадранската магистрала (DC8).

Видео може да погледнете ТУКА.

Пороен дожд и во БиХ

Претежно мокар или влажен коловоз има и на коловозите во БиХ. Намалена видливост поради магла е можна на одделни делници по котлините и по реките.

Поради врнежите зголемена е опасноста од одрони на земја или карпи на коловозот.

На патниот правец Врбашка-Драксениќ (патот кој води кон граничниот премин Градина) сообраќајот е во прекин за сите категории возила (освен возила со кои се испорачува на територијата на општината, локалното население и итните служби), а алтернативната рута е преку Бања Лука и Приједор.

На граничните премини во БиХ нема подолги задржувања, соопштија надлежните служби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This