(Видео) Силно невреме од дожд и град предизвика поплави во Москва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска Москва ја погоди силно невреме, пропратено со обилен дожд и град.

Снимките покажуваат дека руската престолнина се соочува со вистински потоп, бидејќи автомобилите пливале на улиците како чамци.

Центарот за контрола на сообраќај во Москва, објавил дека во една улица се потопени неколку автомобили, како и дека е целосно оневозможен сообраќајот.

Некои подземни премини се целосно поплавени.

Хидрометеоролошкиот завод издал портокалов метеоаларм, кој предупредува на можна опасност.

Жителите на Москва на социјалните мрежи пишуваат дека дождот паѓа со таква јачина што речиси и ништо не се гледа.

Една жена истакнува дека во нејзиниот дел од градот истовремено паѓа и дожд и снег и град.

https://www.youtube.com/watch?v=iQvh7oLuvBI&feature=emb_title

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This