(Видео) Силјановска: Ова не беше херојство, туку kpивично дело, ова е квaзи собрание кое го пpeкрши и Уставот, и законите и деловникот на законодавниот дом

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драмата во собранието на Република Македонија, која започна во четвртокот откако претседателот Талат Џафери обвини дека опозицијата го блокира гласањето на петтиот пакет мерки денес ескалираше откако двајца пратеници, болни од ковид-19, со скафандери и медицинска придружба пристигнаа во законодавниот дом за гласањето на петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и економијата.

Иако Џафери во четвртокот најави дека болните пратеници што недостасуваат за формирање на владеачкото мнозинство не смеат да се појават во собранието, сепак денес тие се појавија во пленарната сала и гласаа на 32 и 36 седница. Дополнително, својата поддршка ја најавија и пратениците од Алијансата на Албанците и Алтернатива на Албанците, за да се заврши 32 седница за да се премине на 36, поради што ваквиот циркуз воопшти не беше потребен.

Пратеничката Бисера Костадиновска од СДСМ и пратеникот Мирослав Богдановски пристигнаа со возила на Брза помош директно го загрозија здравјето на останатите пратеници. Овој театар оркестриран од власта беше крајно непотребен, посебно бидејќи пакетот мерки беше изгласан со 115 гласови, односно со поддршка на опозицијата, за која власта обвинуваше дека го блокира гласањето.

Гордана Давкова Силјановска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кометирајќи ги настаните, истакна дека Собранието ги прекрши и законите и Уставот, и деловникот, но и протоколите.

„Собранието заборави дека е законодавен дом и самото ги кршеше законите. Заборави дека не асмо што има редовна законодавна функција, туку дека има и конститувна, па го кршеше и Уставот. Значи, ако во четвртот говорот на претседателот звучеше како говор на претседател на собрание, она што се случуваше денес беше парасобрание или квазисобрание бидејќи дојде до кршење на Уставот, до кршење на неколку закони, па и на протоколот на собранието, зошто затоа што не се правеше разлика меѓу асимптоматско и симптоматско. Скафандери носат само космонаути ама издрави луѓе за да се заштитат од болните, кај нас денеска пратници дојдоа во скафандери и го зафрозија здравјето на сите пратеници, но и на сите вработени во собранието. Зошто? Заради тоа што претседателот реши да тренира строгост над пратениците и како што денеска неколку пати повтори, она што тој мисли дека е дделовник, она што тој мисли дека е закон, ќе го реализира.

Силјановска за она што се случуваше нагласи дека не е ниту авторитарно, туку е апсолутистичко владеење и дека она што власта го претставила како херојство, всушност е кривично дело.

„Напати си мислам дека во компаративното право, копаративното уставно право, компаративното парламентарно право, вакви сцени има некаде на далечниот исток, во историјата имало, кога немало парламент, на пример, ми наликуваше на Јован Безземја или кога биле протерувани пратениците, тоа што го направи Оливер Кромвел. Она што што Кромвел го донел, инструментот на владеење, значи денеска звучеше дека деловник, односно закон, односно Устав, е тоа што јас го кажувам. Е тоа личи на едно време кое не е авторитарно, туку е апсолутистичко. Времето на Јован Без земја. Се собраа денеска, и пратеници коишто не се појавуваат само за да манифестираат дека дури и во недела, денот којшто за сите е ден за одмор, иако во четврток бевме тука заради 36 едница, ќе го сторат она што решиле, па макар да е тоа и кривично дело. Значи не се работеше за парламентарно херојство, не, не наликуваа пратениците на граѓански херои. Туку, тоа што за нив е херојство, всушност е кривично дело“.

Во однос на тоа дали денешните можат да се дефинираат како тероризам, со оглед на тоа дека заканата по здравјето на пратениците е закана за уставноправниот подарок, Силјановска појасни дека она што се случуваше во собранието имаше елементи на кривчното дело тероризам.

„Има елементи, кога ќе ги анализирате сите дела во кривичниот законик, коишто се однесуваат на тероризмот, ќе видите дека она од што се гради перцепцијата е уставноправниот поредок, и заканите по него. Заканата по здравјето на пратениците е закана за уставноправниот подарок, бидејќи тие се конститутувен елемен без кој нема законодавно тело и уставно тело, што значи дека ако ние се водиме од владеењето на правото, сега сите би требало десет дена да бидеме во самоизолација. Но како што гледа самоизолацијата, не важи за некои пратеници. Дури си помислив на моменти како не се сетија на решение од типот на хеликоптерско донесување на пратениците овде во собранието со скафадери, па можеби тоа ќе личеше многу постмодерно“, изјави Силјановска.

Изјавата на пратеничката Гордана Давкова Силјановска можете да ја проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This