(Видео) СИТЕ СЕ ПОЛУ-ПИСМЕНИ, А ШИЛЕГОВ Е НЕПИСМЕН: Калакурница помеѓу градоначалникот и државниот инспектор за животна средина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јавноста веќе втор ден најактулна е темата со горењето на медицински отпад на „Дризла“, откако вчера СДСМ на чело со Петре Шилегов продолжи со практиката на газење по човечки тела, објавувајќи вознемирувачки слики и снимки од деопонијата каде се согорува и медицински отпад.

По пресконференцијата, јавноста беше исклучително заинтересирана за обвинувањата на Шилегов, па така 40-тина камери денес снимаа што се случува во депонијата. На терен излезе Шилегов, но и главниот државен инспектор за животна средина.

Градоначалникот на Град Скопје ги направи инспекторите „неписмени“ и продолжи со политичките обвинувања, посочувајќи дека причина за несоодветното третирање на отпадот е владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, иако тој веќе 2 години е градоначалник на Скопје, а СДСМ трета година по ред ја има централната власт во свои раце.

 

Инспекторот за животна, Хусни Тачи средина истакна дека детално го има прочитано правилникот за справување со медицински отпад за разлика од Шилегов кој истиот го нема прочитано. Во однос на сликите и снимките кои вчера градоначалникот ги објави, инспекторот истакна дека истите не може да ги коментира бидејќи не се веродостојни.

 

-Тие слики  што се прикажани јас нема да ги коментирам бидејќи не сум компетентен да ги коментирам нивните слики бидејќи може истите да не се веродостојни. Ние сме извршиле таму надзор и тие слики што се прикажуваат на тие видеа, значи се работи за сецкалка која се користи за сечење на текстилниот отпад. Значи фирмата „Еко клуб“ исто така собира и текстилен отпад кој го сецка и го предава на понатамошна обработка, вели тој

На новинарско прашање дали е неписмен, инспекторот го демантираше градоначалникот објаснувајќи дека тој е главен инспектор, дека е писмен и дека градоначалникот веројатно мислел на самио себе.

-Можеби мислел на себе си дека е неписмен. Инаку јас сум државен инспектор за животна средина со искуство и всушност главен државен инспектор, не само инспектор обичен, додаде тој.

Калакурница помеѓу градоначалникот и државниот инспектор за животна средина

Калакурница помеѓу градоначалникот и државниот инспектор за животна средина

Posted by infomax.mk on Wednesday, February 5, 2020

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This