(Видео) Следете во живо: Криптokpиминал во ГТЦ, полицијата се прави наудрена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синот на починатиот пратеник Амди Бајрам Елвис Бајрам неофицијално е вмешан во нелегално копање на криптовалути во центарот на Скопје.

Според информациите на Инфомакс, во магацинот има десетици компјутери за копање на криптовалути популарно наречени ригови кои се диво приклучени на електричен приклучок на ГТЦ.

За потрошената електричната енергија плаќаат дуќанџиите во ГТЦ.

Пред магацинот на лице место во моментов има полиција и инспектори од МВР.

Директорот вели дека не знае што се случува бидејки кај него има ревизија.

На позицијата директор на ГТЦ е поставен Ѓоко Трајчевски кој дојде на оваа функција на местото од Аго Абазовски, кој беше дел од партијата на Амди Бајрам.

Името на Трајчевски минатата година се споменуваше во скандал тежок 600 илјади евра кога тој за вртоглава сума од 36.5 милиони денари ги промени светлата во ГТЦ.

Неофицијално магацинот е под закуп на семејството Бајрам.

Иако полицијата се повлече и запре со постапувањето, новинарската екипа на Инфомакс заедно со своите колеги сними огромен број на машини таканаречени ригови кои се користат за копање на биткои и други криптовалути.

Покрај риговите на локацијата се забележува и друга компјутерска опрема која се користи во процесот на копање на криптовалути.

Полицијата заедно со неколку инспектори се повлекоа од пред магацинот без да превземат никакви дејствија иако во Македонија е нелегално копањето на криптовалути особено во случај за кој постои сомнеж за кражба на електрична енергија среде енергетска криза.

Помошник министерот за односи со јавност во МВР, Тони Ангеловски. пак не одговара на повиците на новинарите.

Инаки Гарбиел Бајрам е советник во Градот Скопје од редовите на СДСМ.

МВР експресно излезе со соопштение, според кое немало икакво кривично дело на местотот на настанот.

Денеска во 14.45 часот во СВР Скопје А.М. пријавил дека во магацините на ГТЦ имало поставено машини за копање крипто валути односно дека заради наводна интернет трговија со крипто валути, извесни лица извршиле кражба на електрична енергија, со цел да го опслужат неопходниот капацитет на нивните компјутерски машини неопходни за трговија со крипто валути.

Полициски службеници веднаш излегоа на лице место согласно пријавата, извршија разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдија дека за броилата, кои се во приватна сопственост, не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик. Во август 2021година по претходно добиен оперативен податок за истото кривично дело “кражба на електрична енергија”, исто така е постапувано од страна на полицијата на истата локација и не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути. Имено, копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во кривичниот законик на РСМ.

Следете во живо ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This