(Видео) Со обнова до проектот еден денар за спортот и еден денар за културата од aкцизитe за нaфтa и нaфтeни дepивaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес носителот на изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска ја посети општината Гостивар и порача дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе започне реализација на проектот еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати.

-Денешнава претпладневна агенда ја започнавме со организација на Унијата на жени на Гостивар и учествувавме во еден спортски марш. На овој марш жените на Гостивар дадоа поддршка за спортот и за младите. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма „Обнова“ се обврзува дека ќе издвојува еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека тоа се оние акцизи кои што СДСМ за само три години владеење дури два пати ги покачи.

-Го трчаме последниот круг од нашиот марш до победата. И секој ден сме се побројни и се погласни, обновата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ победува, порача Стојаноска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This