(Видео) Спектакуларен грабеж во центарот на Париз: Украден “Булгари” накит вреден 10 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Група крадци ја ограбиле продавницата на „Булгари“ на плоштадот Вендом во Париз и побегнале со накит вреден 10 милиони евра. По спектакуларната полициска потера, двајцата осомничени беа уапсени.

Три лица облечени во модерни костуми и вооружени со пиштоли ограбиле неодамна реновиран бутик во центарот на Париз. Крадците потоа побегнале со сиво БМВ додека четворица соучесници ги следеле со скутери. Полицијата отворила оган врз автомобилот, поради што крадците излегле од автомобилот и продолжиле да бегаат.

“Брза реакција на париската полиција по грабежот на златарницата на Плас Венд. Двајца осомничени се во притвор”, изјави париската полиција, додавајќи дека потрагата по останатите е во тек.

Извор близок до истрагата и рекол дека крадците зеле накит вреден 10 милиони евра од Булгари, позната италијанска продавница за накит, која е дел од францускиот луксузен конгломерат ЛВМГ.

Во последните месеци, продавниците за накит во Париз се најдоа на удар на разбојници. Во јули, еден човек украл накит вреден два милиони евра од бутикот „Шоме“ и побегнал со електричен скутер. Тој беше уапсен еден ден подоцна со соучесник и повеќето од предметите беа вратени на нивните сопственици.

Три дена подоцна, двајца мажи вооружени и со солзавец ја нападнаа продавницата на Дин Ван, при што украдоа стока вредна 400.000 евра.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This