(Видео) Срамно: Во ек на празници дознаваме од Бугарија дека Владата сѐ уште преговара за македонскиот идентитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Зоран Заев преговара за македонскиот јазик и идентитет далеку од очите на јавноста. Од граѓаните се кријат условите и барањата кои се поставени пред македонската влада. Заев, Димитров и Османи знаат, но се кријат од јавноста., обвини на денешната прес конференција Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Срамно е да дознаваме од Бугарија дека Владата во ек на празници се уште преговара со Бугарија за нови отворени прашања, вели Андоновски.

Тој потсети дека  министер од бугарската Влада се потврди дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.

За овој Анекс предупредувавме пред три месеци. Како што се гледа во видеото дел од барањата за македонската Влада се образовна реформа, ретуширање на историјата, односот кон малцинствата, македонската историја.
Срамота е за македонскиот идентитет, јазик и историја да се дискутира на телевизиски емисии во Софија, без никој во Македонија да не знае што е на маса.
Срамота е во исто време Димитров да ги убедува Македонците дека треба да одморат од спорот со Бугарија, додека Бучковски се подготвува за нова средба и дискусии.
Срамота е реалноста да се крие од граѓаните и да се прави лажен привид дека сите прашања се затворени.

Тој смета дека Јавноста заслужува да знае Кој го видел нон пејперот од Бугарија? Што содржи Анексот од 12 точки кој Владата го крие од очите на јавноста?

До каде е подготвена Владата да ги прифаќа предизборните барања на Бугарија?
Дали Бучковски следнава недела во Софија ќе дискутира за македонскиот јазик и македонската историја?
Дали образовната реформа на Мила Царовска со која се укинува предметот историја е за да се исполнат бугарските барања?
Почитувани,
Пред три месеци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обзнани дека постои штетен Анекс на Договорот со Бугарија во кој се погазува македонскиот идентитет, јазик и историја. Тогаш бевме нападнати дека шириме невистини.
Очекуваме Заев и треба да се извини што ширеше лажни вести. Димитров очекуваме да си поднесе оставка.
А, по падот на оваа власт, ќе следува одговорност за сите недела кои и се прават на Македонија и македонскиот народ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This